Цените на нафтата паднаа на најниско ниво од почеток на војната

 

На светските берзи минатата недела цените на нафтата остро паднаа, паѓајќи на нивоа од февруари оваа година под притисок на загриженоста дека рецесијата во глобалната економија може да доведе до пад на побарувачката за енергетски производи.

Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела ослабе за 8,7 отсто, на 94,92 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 9,7 отсто, на 89,01 долар.

Значителен пад на цената на нафтата уследи по падот во јули, при што на лондонскиот пазар барелот падна за околу 4 отсто, а на американскиот пазар за речиси 7 отсто. Цената на нафтата на меѓународните пазари сега е на најниско ниво од февруари годинава.

08.08.2022 - 09:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега