Цени на горивата на Балканот, кој плаќа најмногу?

Цените на горивата во Македонија во последните 30 дена пораснаа во просек од 20 денари. Дизелот поскапе за 23,5, а бензинот за 17 денари. Претворени во евра, дизелот чини 1,78, а бензинот 1,83.

Но како Македонија се носи со цените во споредба со регионот?

 Црна Гора има убедливо најевтини горива и таму дизелот се точи по цена 1,58 евра, а 1,68 евра е бензинот. Следна е Босна и Херцеговина кадешто и дизелот и бензинот имаат речиси идентична цена. Дизелот се точи 1,74, а бензинот 1,73 евра.

Во Србија, на пример, дизелот е поскап од бензинот. Таму едно литро дизел чини 1,78, а едно литро бензин 1,69 евра.  

Убедливо најскапи горива имаат Косово и Албанија. Во Косово дизелот чини 1,89, а бензинот 1,91 евра. Кај нашиот западен сосед цената на дизело е 2,16, а бензинот 1,96 евра.

За споредба со Германија на пример, која е една од водечките економии во Европа, таму дизелот се точи за 2.05 евра, додека бензинот за 1.89 евра.

20.06.2022 - 21:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега