Цената на нафтата скокна на над 116 долари

Цената на барел нафта на лондонскиот пазар се зголеми на 116,28 долари, односно бележи зголемување од 1,19 долари.

На американскиот пазар денеска барел нафта се продаваше за 110,53 долари, односно 96 центи повеќе од претходно.

Рускиот извоз на нафта е намален, но другите големи произведувачи сè уште значително не го зголемиле производството.

28.06.2022 - 22:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега