Целосно затворен за сообраќај булеварот „Крсте Мисирков“ кон Бит пазар

Делницата во правец кон Бит пазар, од крстосницата со бул.„Гоце Делчев“ до клучка Детелинка од утре (22 август) од 8:30 часот до задутре (23 август) до 8:30 часот, ќе биде целосно затворена за сообраќај поради асфалтирање на бул.„Крсте Мисирков“.

Автобуските линии што сообраќаат на овој потег ќе бидат пренасочени кон Скопски саем и клучка Континентал и назад кон клучка Детелинка, соопшти ЈСП Скопје.

Линиите 2, 16, 43 и 50 од крстосницата на бул. „Гоце Делчев“ со бул. „Крсте Мисирков“, наместо да свртат лево, ќе продолжат право кон Скопски саем и од постојката кај хотел „Континентал“ ќе продолжуваат по своите редовни траси.

Линиите 8, 17, 19, 26, 57, 57А и 59 од крстосницата на бул. „Гоце Делчев“ со бул. „Крсте Мисирков“, наместо да свртат лево, ќе продолжуваат право кон клучка Континентал, од каде ќе излегуваат на бул. „Александар Македонски“ и од клучка Детелинка ќе продолжуваат по своите вообичаени траси.

Линиите 9, 20, 35, 47, 47А, 61, 71 и 81 од крстосницата на бул. „Крсте Мисирков“ со бул. „Гоце Делчев“, ќе вртат десно кон Скопски саем, па кон клучка Континентал, од каде ќе излезат на бул. „Александар Македонски“, а од клучка Детелинка ќе продолжуваат по своите вообичаени траси.

Линиите 45, 52, 53, 54, 55, 55В, 62, 63, 63А, 65, 65А, 65Б, 65В, 66, 66А и 68 од крстосницата на бул. „Крсте Мисирков“ со бул. „Гоце Делчев“, ќе вртат десно кон Скопски саем и од постојката кај хотел „Континентал“ ќе продолжуваат по своите вообичаени траси.

Во обратен правец, посочените линии ќе сообраќаат по вообичаените траси, информираат од ЈСП Скопје. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.08.2019 - 15:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега