Цела Македонија во жолта фаза: Попладне опасност од силно невреме

Цела Македонија денеска е во жолта алертна фаза како предупредување за можна опасност од силно невреме проследено со грмотевици.
Според метеоролозите денеска во текот на денот се очекуваат поинтензивни врнежи проследени со силни електрични празнења.
На места, врнежите може да предизвикаат и поплавување.
Во главниот град се очекува невремето да почне во доцните попладневни часови.
Слично време се очекува и утре за кога исто така е издадено предупредување од жолта фаза, но за разлика од денеска за утре алармот е вклучен за во скопскиот и повардарскиот регион како и во Пелагонија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.06.2019 - 11:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега