Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде метеоаларм за денешниот ден (10.08.2026), кој се однесува на високите температури ширум целата земја.
Според предупредувањето од метеоролошката служба, метеоалармот за високи температури е активен на целата територија на државата.
Од УХМР известуваат:
„МЕТЕОАЛАРМ ЗА ДЕН 10.08.2026 Високи температури на територијата на целата држава!“
Надлежните апелираат до сите граѓани да се придржуваат до општите препораки за заштита од високите температури.


