Цела Босна е на нозе, владата донесе одлука - награда од 25.000 евра за информација за овој човек

Потрагата по избеганиот убиец Един Гачиќ утринава е интензивирана, рекол полицискиот комесар на Кантонот на Сараево, Мевлудин Халиловиќ.

Тој истакнал дека најмногу полицајци има на попдрачјето Хаџиќ.

Тој апелирал до граѓаните, доколку имаат информација јаде е Гачиќ, да се јават во Оперативниот центар на МУП Кантонот на Сараево.

Владата на Кантон Сараево на седница донесе одлука со која се распишува награда во износ од 50.000 конвертибилни марки ( околу 25.000 евра) за информации кои ќе доведат до апсење на Един Гачиќ, роден на 1 септември 1976 година во Бања Лука.

Гачиќ е во бекство од минатиот понеделник, 4 февруари, која во местото Подоршац го уби Суад Султаниќ, а се сомничи и дека во саботата на 9 февруари во Суходол, го убил и полицаецот Махид Бегиќ.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.02.2019 - 13:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега