Цеца се отвори: На сите ни се случил секс за една вечер

"Тоа беше повик кој не се одбива"... Вака звучи почетокот на рефренот на новата песна на Светлана Цеца Ражнатовиќ насловена "Повик", која патем е и насловната нумера на новиот албум. Фолк ѕвездата изјавила дека многу девојки ќе се пронајдат во неа. "Ми се допадна идејата името на албумот да гласи "Повик", бидејќи во исто време ја почнавме кампањата за цедето и концертот во Ушќе, така што тоа е еден вид метафора. "Песната е чиста емотивна приказна за маж на која една жена не може да му одолее. Секоја жена барем еднаш во животот имала таков маж кому не можела да му каже "не", кој не можела да го одбие и со кого поминала само една ноќ иако знаела дека потоа ќе пати. На секоја од нас тоа барем еднаш и се случило", низ смеа раскажала Цеца.

Албумот на пазарот е планирано да се појави најдоцна до 15 јуни, а нејзините фанови, пренесуваат српските весници, едвај чекаат да ги слушнат десетте нови песни, за кои Ражнатовиќ открила дека се со брз ритам и верува дека публиката ќе биде воодушевена кога ќе ги слушне. 

најчитано сега