Цеца на венчавката на Вељко ќе ја отпее песната која Аркан ја обожувал- со кнедла во глото ќе ги пее тажните стихови

Светлана Цеца Ражнатовиќ на големо ја подготвува свадбата на својот син кој ќе се венча со неговата избраничка Богдана Родиќ на 24 ноември.

Веста за свадбата и за бременоста на Богдана веќе со денови е топ тема во регионалните медиуми, а веќе сега се зборува и која песна Цеца ќе им ја отпее на младенците.

Станува збор за популарниот хит „Kuda idu ostavljene devojke“ која пејачката ја отпеа во далечната 1994 година.

Песната според српските медиуми е една од омилените на починатиот нејзин сопруг Жељко Ражнатовиќ- Аркан, а тоа и причината што можеби Цеца ретко ја пеела на настапи.

Доказ дека и Вељко го сака овој хит беше и 19-от роденден на Анастасија кога синот на Цеца додека неговата мајка ја пееше оваа песна се расплака.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.10.2019 - 10:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега