Царовска за Детектор: Пензиите значително ќе се зголемат – ќе видиме дали тоа ќе биде пред избори

Значително ќе пораснат пензиите, но не знам дали тоа ќе се случи пред избори, вели во Детектор Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска. Таа вели дека покрај двете редовни годишни усогласувања на пензиите со трошоците за живот, веројатно ќе има и трето, ад хок зголемување на пензиите кое претходно го најави и премиерот а кое ќе биде резултат на зголемувањето на просечната плата.

Царовска објаснува дека согласно законот, секогаш кога Бруто домашниот производ расте над 4% на годишно ниво се отвора простор за ад хок зголемување на пензиите. Покрај оваа можност, Царовска вели дека  причина за зголемување надвор од законското усогласување ќе биде значителниот раст на минималната плата.

„Има друг параметар. Минималната плата само оваа година расте за 15% и проектиран раст на бруто просечна плата во државата е околу 4,9%.
Овие два параметри ни даваат една нова линија. Колку ќе порасне ќе ја известиме јавноста кога ќе ги имаме сите пресметки усогласени со сите партнери, здруженија на пензионери, пензионери, Влада, Министерство за финансии. Ние како министерство мислам дека покажавме дека сите политики транспарентно и во дијалог ги донесовме. Дали ќе биде ова пред избори и пред да дојде новиот технички министер тоа се уште го разговараме и кога ќе имаме информации ќе ја известиме јавноста“ вели Царовска за Детектор.

Последен пат пензиите пораснаа во август годинава. Тогаш, минималната пензија порасна за 36 денари, а просечната за 63 денари.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.11.2019 - 17:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега