Царовска во посета на Алкалоид: Заедно со компаниите создаваме квалификуван кадар и обезбедуваме вработување на младите

Министерката за образование и наука Мила Царовска, германскиот заменик амбасадор Ото Граф и претставници од банката за развој KFW, денес ја посетија компанијата „Алкалоид“, којашто има интерес да се вклучи од идната учебна година во дуалното образование со отворање на неколку паралелки во средно стручно училиште.

На работниот состанок беше потенцирана важноста од создавањето на соодветни профили кои се потребни на компаниите, а кои треба да излезат токму од средното стручно образование.

„Министерството за образование и наука ја зајакнува соработката со Стопанските комори и со компаниите и локалните самоуправи со цел преку отворање на нови профили да одговориме на потребите на реалниот сектор, но и да придонесеме за поголема вработливост на млатите. Оваа соработка ни е многу важна затоа што токму реалниот сектор ќе се вклучи во креирањето на наставните програми и уписните политики“, рече министерката Царовска.

Од компанијата Алкалоид, беше поздравена идејата за зајакнување на соработката којашто треба да резултира со оспособување на кадар во средните стручни училишта којшто недостига, а е баран на пазарот на трудот.   

 

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.01.2021 - 16:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега