Царовска: Создадовме систем кој извлекува од сиромаштија, растат платите и пензиите

Мила Царовска придружувана од градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ и други членови на СДСМ, попладнево одржа маалска средба со граѓаните на општина Центар.

На средбата со присутните граѓани се зборуваше на повеќе актуелни теми кои ги засегаат граѓаните, но и теми од областа на социјалната политика кои ја унапредуваат детската и социјалната заштита.

Социјалните реформи даваат видливи резултати, а како дел од тие реформи се и покачувањето на платите на вработените во градинките за 16 отсто, раст на платите на социјалните работници за 23 отсто, вработувања на нови кадри во градинките  што воедно претставува вложување на квалитетот на услугите во детските градинки, истакна Царовска.

Истовремено, порача Царовска, бележиме тренд на раст на пензиите кои растат и ќе продолжат да растат согласно трошоците за живот и растот на економијата.

Осврнувајќи се на мерките од социјалната заштита, членката на ЦО, Царовска, истакна дека за прв пат лицата со тешка и најтешка интелектуална попреченост добиваат месечен надомест од државата од 8.000 денари, додека, персоналната асистенција во домот е нешто што исто така за прв пат се воведува, а државата го пренесува на локално ниво односно на општините.

– Зголемената социјална помош за 300 отсто, зголемениот опфат на деца за детски и образовен додаток се само дел од мерките од новата социјалната реформа која обезбедува повеќе пари кај граѓаните, ја намалува детската сиромаштија и ги унапредува правата на лицата со попреченост, посочи Царовска.

СДСМ продолжува со теренски активности и маалски средби и во наредниот период.

Остануваме меѓу граѓаните, го слушаме нивниот глас и ги следиме нивните потреби.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.07.2019 - 22:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега