Царовска: Следува ново покачување на минималната плата, пензиите ќе растат вонредно во првиот квартал од 2020

Потпретседателката на СДСМ, Мила Царовска на граѓанската трибина „На Прав пат“ во Кочани најави дека наскоро следува ново, значително покачување на минималаната плата, а со стабилизација на пензискиот фонд и вонредно покачување на пензиите на почетокот на 2020 година.

- Ја покачивме минималмната плата која во некои индустрии изнесуваше 8.500 денари, а сега изснува 12.500 денари. Но тука не застанавме. Многу скоро ние како Влада заедно со синдикатите и стиопанствениците, ќе најавиме, ново покачување на минималната плата, затоа што нашите работници и сограѓани го заслужуваат тоа, порача Царовска.

Покрај платите, истакна Царовска, ќе следува раст и на пензиите и подигнување на животиот стандард за пензнионерите.

- Преку успешни политики успеавме да го стабилизираме Фондот за пензиско осигурување. Пензиите растеа просечна како што растеа платите и економијата. Но ние законски им гарантираме на пензионерите, ако растат платите, ако расте економијата ако имаме вработувањата ќе растат и пензиите. И тоа премиерот го вети. На почетокот на наредната година, во првиот квартал ќе растат вонредно и на тоа ќе останат усогласувањата кои се по закон, посочи потпретседателката Царовска.

Во своето обраќање Царовска се осврна и на проектите од значење за Кочани, како постапката за изградба на современа детска градинка во општината, како и отворениот центар за ран детски развој во населеното место Тркање.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.10.2019 - 21:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега