Царовска: Сите пратеници кои ќе гласаат за Законот за ЈО се застапници на интересите на државата

Потпретседателката на СДСМ Мила Царовска во емисијата 360 степени на Алсат телевизија изјави дека сите политички партии, сите политички субјекти сакаат да има избори на 12-ти април и дека очекува да има избори, но важно според неа, е прво да ја напишеме домашната задача во Собранието и да се изгласаат законите.
 
-Секако продолжуваме понатаму, за две и пол години ниту една Влада не може да испорача правда, тука се потребни повеќе системски решенија и затоа сега во Собрание бараме да се донесе Законот за јавно обвинителство, кој што е системски поставен за да ни донесе правда во наредниот период. Но, ВМРО ДПМНЕ токму тоа го кочи. Нема политичка партија која вели дека сака избори на 12-ти април, а при тоа работи против интересите на граѓаните, но и спротивно на интересите на државата. Сите оние пратеници кои ќе гласаат за овој закон се застапници на интересите на државата. И сметам дека треба да покажеме како држава, пратениците да покажат дека со гласањето на законот правиме чекор плус кон стабилизација на државата и приклучување кон големото семејство- изјави Царовска.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.02.2020 - 22:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега