Царовска: Работиме на намалување на детска сиромаштија

Министерот за образование и наука д-р Арбер Адеми и министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, денеска присуствуваа на Работниот состанок со меѓународните донатори за секторот Образование, вработување и социјална политика. 

Изразувајќи благодарност до присутните од Донаторската заедница и до Делегацијата на ЕУ, министерот Адеми, напомена дека координативниот состанок има важноста и значењето во исполнувањето на стратешките цели и определби  на националните политики кон интеграција на земјата во Европската Унија. 

- Важно е да го продолжиме и зајакнеме  партиципативниот процес и координацијата на активностите во рамките на Стручното образование и обука како и  спроведување и следење на секторските политики со фокус на остварување на резултати, а со цел обезбедување на долгорочен ефект и усогласени  реформи во секторот, рече Адеми. 

Министерството за образование и наука, истакна министерот,  изминатиот период работеше на носењето добри и корисни политики преку спроведување на сеопфатна анализа од страна на ОЕЦД, за која веќе имаме и извештај но и јасен показател во која насока ќе се движат реформите. 

- При тоа се донесоа и повеќе значајни закони како: Законот за високо образование, Законот за основно образование и Законот за наставниците и стручните соработници во основно и средно, а во фаза сме и на креирање на работна група која ќе започне со разработка на пакет законите во делот на средното и средното стручно образование, потенцираше Адеми пред присутните. 

Изминатиот период Министерството за труд и социјална политика работеше на повеќе процеси и реформи. Дел од нив се завршени, дел продолжуваат да се спроведуваат.

Со социјалната реформа работиме на намалување на детска сиромаштија. Процесот на деинституционализација успешно се спроведува. Досега бројот на деца во институции е намален за 75 %, а до крајот на годината очекуваме да нема деца во домовите.

Се отвори програма со Светска банка за развој на социјални услуги на локално ниво. Успешно се спроведува реформата за стабилизација на пензискиот фонд. Работиме на квалификување на младите лица за што се предвидени активни мерки во Оперативниот план. Ова се само дел од процесите и реформите на МТСП” - рече Царовска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.09.2019 - 17:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега