Царовска: Платата се покачува на 14.500, се грижиме за работниците

Бевме сведоци дека 11 години ВМРО-ДПМНЕ ја држеа минималната плата во најкритичните гранки под законски утврденота. Тоа беше целосно недостоинствено и нехумано кон граѓаните вработени во овие гранки, кон работниците. рече потпретседателката на СДСМ Мила Царовска на почеток на своето обраќање на граѓанската трибината во Делчево.

-Гледате што се случуваше и во Собранието. Се боревме како никогаш досега да се усвои Законот за покачување на минималната плата. Иако не смее да се случи пратеници да кочат Закон за минимална плата тоа го правеше ВМРО-ДПМНЕ. Со гордост можам да кажам дека успеваме, минималната плата ја покачивме на 14.500 денари. Тоа е покачување за 60 отсто. Тоа е вистинска грижа за работниците, за граѓаните, да им ги покачиме примањата но и да им го вратиме достоинството–истакна Царовска.

Таа истакна дека сите плати со СДСМ растат, во  здравството, детската  заштита, јавниот сервис, затоа што тие се  виталните  сектори во нашата држава.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.11.2019 - 20:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега