Царовска на средба со Форум на жени од Карпош: Со цврста заложба ја јакнеме родовата еднаквост

Носителката на листа на пратеници во ИЕ 1 и потпретседателка на СДСМ,  Мила Царовска денес се сретна со претставнички Форумот на жените од оваа општина. На состанокот се зборуваше за унапредување на родовите права и цврстата заложба на партијата да продолжат со политиките за родова еднаквост и економско јакнење на жените.

„Изминатиот период како Влада донесовме најлиберален Закон за прекинување на бременоста. Волјата на жената е најважна и таа сама одлучува  за своето тело. Донесеме вистински вредности во општеството и ги јакнеме жените економски. Во сите програми за финансиска поддршка на бизниси жените се застапени со 50%. Со поддршката на жените во нашата држава ги продолжуваме реформските процеси за социјална и праведна држава. Време е за 50-50, за силни жени кои рамноправно учествуваат во создавањето на силно општество”, рече Царовска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.07.2020 - 14:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега