Царовска: Им помагаме на оние на кои помошта им е најпотребна

На семејството Рујковски по социјалната реформа им следува неколкупати повисока финансиска помош. Татјана и две од децата имаат проблеми со видот, заради што добиваат посебен додаток. Исто така примаат гарантирана минимална помош, субвенции за електрична енергија, образовен и детски додаток за секое од четирите деца. Им помагаме на оние на кои помошта им е најпотребна. #СеГрижиме, напиша министерката за труд и социјална политика Мила Царовска на објавата на својот Фејсбук профил.

Десет годишниот Давид и 13-годишната Катерина Рујковски имаат оштетен вид и за да можат да го завршат своето образование нормално, потребни им беа специјални ТВ лупи кои родителите не се во можност да им ги обезбедат.

Семејството Рујковски апелираше до сите хумани луѓе и институции да им помогнат на младите Давид и Катерина преку донации.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.07.2019 - 23:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега