Царовска: Ги покачивме и пензиите до 900 денари

Наместо да се водат популистички политики , СДСМ како одговорна партија, која се грижи и мисли на сите граѓани, одлучивме нашиот следен чекор да биде растот на пензиите.-порача потпретседателката на партијата Мила Царовска, на трибината од Делчево.
 
Таа истакна дека пезиите ќе пораснат до 900 денари веќе следната 2020 година. За сите пензиоенри ги покачуваме пензиите за 700 денари а со усогласувањето законско тие ќе достигнат покачување до 900 денари. Пензиите растеа и до сега, реално и издржано. Го стабилизиравме пензискиот фонд и чесно излеговме пред граѓаните со ова големо покачување. Грижата за граѓаните вклучително и највозрасната група, пензионерите продолжува и понатаму. Тоа се луѓето кои си го обработиле своето и заслужуваат вистинска грижа –рече Царовска.
 
Вечерва во Делчево во спортската сала во овој град продолжи караванот граѓански трибини на СДСМ под слоганот „На прав пат“. Масовното присуство на граѓаните на Делчево на оваа трибина потврдува дека граѓаните сакаат државата да продолжи по вистинскиот пат.  
 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.11.2019 - 21:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега