Бунт во „Google“ поради задолжителната вакцинација

Стотина вработени во "Google" се противат на задолжителната вакцинација против ковид-19, што и отежнува на компанијата да ги врати во канцеларија.

Повеќе од 600 вработени потпишале манифест со кој се одбива задолжителната вакцинација.

Во документот, работниците бараат технолошката компанија да претстави алтернатива која "не вклучува вакцинација на сите вработени".

Тие исто така ги повикуваат своите колеги да се спротивстават на примањето вакцина од "принцип", соочени со роковите за општа вакцинација на вработените.

Додека американскиот сојузен декрет за работодавци моментално е блокиран со судски спор, "Google" го прифатил советот на претседателот Џо Бајден и сеедно го спроведува тој декрет за задолжителна вакцинација на сите вработени во сите со повеќе од 100 вработени.

Компанијата побарала од повеќе од 150.000 вработени во САД да го внесат својот статус на вакцинација во интерниот систем до 3-ти декември, додека сите медицински или верски исклучоци мора да бидат поднесени порано.

"Google" бара од сите вработени кои работат директно или индиректно со државни договори да бидат имунизирани, без разлика дали работат од дома или не.

Голем дел од персоналот на технолошката компанија е префрлен на работа од дома во текот на пандемијата на коронавирусот, а челниците во компанијата сега велат дека напорите за вакцинација се обид да се овозможи "безбедно враќање во нејзините канцеларии".

24.11.2021 - 20:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега