Една традиција што продолжува… речиси секоја година.
И овој православен Велигден сум на дежурство.
Така било отсекогаш, за моите колеги кои го слават празникот да можат да бидат дома, околу трпезата, со своите семејства, таму каде што припаѓа овој ден.
Оваа прилика ја користам да им го честитам Велигден на сите што го одбележуваат.
Нека ви донесе здравје, мир и радост во домот, пишува на социјалните мрежи Бујар Османи.


