Бухова: Сите медицински лица би требало задолжително да бидат вакцинирани

Ние сме постојано на терен. Немаме затекнато некој неовластено да престојува во ковид болниците. За надзорите по 8 септември, кога се случи несреќата со пожарот во Тетово, далеку е поголема дисциплината и е промената атмосферата во сите болници по овој несреќен случај, изјави денеска во Утрински брифинг, д-р Ирина Бухова, директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат

Во врска со вакцинацијата во нејзината институција д-р Бухова вели дека во ДЗСИ сите се или вакцинирани или имаат прележано ковид и се во период кога се чека пред вакцинација. Од медицинскиот персонал што ДЗСИ го контролираше вчера, Бухова вели дека повеќето се вакцинирани, но оние помалку кои не се немаат ингеренции да ги поттикнуваат на тоа затоа што вакцинацијата не е задолжителна.

-Мојот личен став е дека сите лица вработени во медицински установи би требало задолжително да бидат вакцинирани, рече Бухова за Утрински брифинг.

21.09.2021 - 09:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа