Бугарското Обвинителство со детали: Борисов бил приведен поради уцени

Поранешниот премиер Бојко Борисов беше приведен од полицијата во Бугарија како дел од истрагата за наводни уцени во период од 2014 до 2019 година, соопшти бугарското Обвинителство.

Долгогодишното владеење на 62-годишниот Борисов заврши минатата пролет, кога ги загуби изборите, но и покрај тоа остана лидер на централно-десничарската ГЕРБ.

 

Поранешниот министер за финансии Владислав ГОранов и советничката за медиуми на ГЕРБ, Севдалина Арнаудова беа приведени синоќа заедно со Борисов.

Министерството за внатрешни работи синоќа соопшти дека апсењата биле дел од операцијата поврзана со околу 120 истраги на Канцеларијата на Европското јавно обвинителство (ЕППО), кое истражува измами од големи размери со средства на ЕУ, во Бугарија.

Градските обвинители на Софија денеска ќе треба да одлучат дали ќе го продолжат притворот на Борисов на 72 часа или ќе го ослободат, откако ќе ги испитаат деталите од истрагата

18.03.2022 - 18:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега