Бугарски пратеник позитивен на Ковид-19, цел Парламент ќе биде тестиран

Претседателката на бугарскиот Парламент, Цвета Карајнчева синоќа соопшти дека еден пратеник е позитивен на новиот коронавирус.

Станува збор за пратеникот од редовите на партијата Движење за права и слободи (ДПС), Хасан Адемов.

Карајанчева објасни дека сите пратеници ќе треба да бидат тестирани. Направена е организација и во текот на денешниот ден ќе бидат подложни на тестирања во две здравствени установи во Софија. Останатите службеници во Народното собрание ќе бидат тестирани в четврток.

Таа истакна дека дури откако ќе бидат познати резултатите од тестирањето, а тоа е за максимум 48 часа, ќе биде одлучено дали ќе се затвори Парламентот и за администрацијата и како да се продолжи со вонредниот состанок за ребаланс на буџетот, закажан за в четврток, на 2 април.

Комисијата за буџет и Комисијата за енергетика нема да заседаваат денес.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.04.2020 - 08:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега