Бугарски експерти: Истрагата за несреќата ќе трае шест месеци

Истрагата за автобуската несреќа во која загинаа 45 патници, а 7 преживеаја, ќе трае шест месеци – велат бугарските експерти кои од изутринава гостуваат низ различни емисии во Бугарија.

Тие објаснуваат дека, причините ќе се кажат за брзо време, но не и виновниците. 

Јавниот обвинител на Република Северна  Македонија, Љубомир Јовески во изјава за медиумите, вчера пред болницата „Пирогов“ во Софија, каде се сместени седуммина од преживеаните патници, изјави дека до тој момент не може да се каже која е причината за незгодата. Според него, можни се два фактори, човечкиот фактор или, пак, техничката неисправност на возилото. 

– За причините во овој момент не може да се каже. Сите прашања се отворени. Впрочем затоа се води и истрагата. Нашите колеги јавни обвинители од Република Бугарија со кои имаме одлична соработка ги фиксираат сите траги, прибираат податоци и во овој момент не може воопшто ништо да се каже која е причината за незгодата, истакна Јовески и додаде дека станува збор за пообемни вештачења. 

24.11.2021 - 09:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега