Бугарски експерт: Несреќата на автопатот Струма e заложник на бугарско-македонските односи

Првиот човек на бугарскиот Институт за безбедност на патиштата, Богдан Милчев вели дека вистината за трагедијата на автопатот „Струма“ која одзеде 45 животи е заложник на бугарско-македонските односи.

-Вистината е заложник на бугарско-македонските односи, па затоа е избран меѓународен ревизор. Обвинителството сака изненадувачки брзо да го затвори овој случај, а уште од првите часови на несреќата ни се кажува дека вината е кај возачот. Возачот не може да се брани, па случајот брзо ќе заврши. Во најбрз можен рок ќе се исплати обештетувањето на роднините на загинатите и ќе има мир во целото општество, вели Милчев.

Експертот е дециден дека случајот намерно ќе се одолговлекува, наведувајќи друг случај со смртта на патниците во автобусот на патот кон Своге.

-Ако се докаже дека патот е проблем, бугарската страна ќе мора да ѝ плати огромна оштета на РС Македонија, додаде Милчев.

-Сепак, обвинителството одбива да истражи како условите на патот влијаеле на возач, одбива да ги истражи погрешно поставените заштитни огради, како што се наведува во извештајот. Документот докажува дека овие заштитни огради биле оштетени од претходни несреќи и дека по претходни несреќи биле поправени и погрешно поставени. Ако беа правилно поставени, ќе го задржеа автобусот и ќе му ја сменеа траекторијата без тој да падне во стапицата на заштитната ограда. Жртвите не се од несреќата, туку поради замката на заштитната ограда, која наместо да го заштити автобусот, го оштетила. Недостасува знак кој требало да го извести возачот дека следува таков свиок. Два месеци претходно Управата за патишта констатирала дека таков знак нема и реагирала. На патиштата кај нас недостигаат над 400 знаци, но министерот за регионален развој молчи, а обвинителството одбива да го истражи сето ова, додаде Милчев.

Милчев беше дециден дека претстојат и други сериозни несреќи.

04.12.2021 - 14:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега