Бугарската академија на науките го кажа својот став: Македонскиот јазик не постои

Како што јавува сајтот на Дојче Веле на македонски јазик, на пладневната седница донесе одлука, која очигледно ја следи насоката на бугарскиот политички врв - дека македонскиот јазик е бугарски дијалект.

Бугарската академија на аауките воопшто не се ни труди и да негира дека нивниот денешен став е „реакција“ на т.н. декларација на Бугарскиот врв која беше претставена на почетокот на Октомври годинава, во кој Бугарската Влада директно го негираше постоењето на македонскиот јазик и инсистираше на историска амнезија на нашите граѓани, тврдејќи дека тие никогаш не биле фашистички окупатори во Македонија.

Но јавноста се прашува која е црвената линија на нашата Влада, за да конечно конкретно и директно реагира на овие дрски провокации на соседите , кои буквално вршат политичко „силување“ на нашата колективна меморија и национални факти?
Дали можеби е вистинско политичко време да се прекинат бесмислените преговори за некакво добрососедство со Бугарија, кое произлегува од т.н. договор за добрососедство?
Да не заборавиме, претстедателот на Бугарија Румен Радев неодамна бараше гаранции од бугарската комисија дека ќе ги „превоспитаат“ македонските медиуми.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.12.2019 - 23:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега