Бугарска фондација тврди дека четири куршуми влегле во канцеларијата на „Цар Борис Трети“

 

Четири куршуми завршиле во просториите на бугарскиот клуб со контроверзно име „Цар Борис III“ во Охрид.Ова се непотврдени информации кои ги споделија од бугарската фондација „Македонија“. Тие бараат итно апсење на сторителот, а во спротивно, сметаат дека Бугарија треба да прекине со снабдување на Македонија со струја и гас.

„Стрелецот против бугарскиот клуб во Охрид пукал додека светеле светлата во просторијата, односно бил јасно свесен дека може да убие луѓе. 4 куршуми влегле во собата!!! Скопје итно да го уапси напаѓачот или последиците да бидат банкрот на македонската економија, бидејќи ќе ги прекинеме струјата и гасот за Северна Македонија!“, стои во објавата на фондацијата споделена на социјалната мрежа „Фејсбук“.

Од МВР претходно испратија соопштение во кое се потврдува дека има две оштетувања од оружје.

„На 23.11.2022 година во 19.12 часот во СВР Охрид било пријавено оштетување на стакло на канцеларијата на здружението „Цар Борис Трети“ лоцирана во трговски центар на бул.„Македонски Просветители“ во Охрид. Полициски екипи при СВР Охрид излегоа на местото на настанот, при што било утврдено дека на стаклото од надворешната врата и стаклото од излогот на канцеларијата има две оштетувања направени од оружје. За настанот известен е Јавен Обвинител од ОЈО Охрид,  по чии насоки се преземаат мерки за  расчистување на настанот“, велат од МВР.

24.11.2022 - 11:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа