Бугарска болница не може да најде лекар ни за плата од 2.000 евра

Општата болница во Велико Трново не може да најде лекар ниту за плата од 2.000 евра. Како што пишуваат бугарските медиуми, станува збор за специјализирана белодробна болница во Велико Трново која има недостиг од медицински лица, а болницата главно работи со ковид-пациенти.

Почетната плата на младите лекари е 2.000 лева (1.000 евра) доколку се без специјалност и 2.200 лева (1.100) за дипломирани пулмолози.

Д-р Стела Денчева, дел од менаџментот на болницата вели дека почетната плата не е лоша за лекар што ја почнува својата кариера.

 

 

13.09.2021 - 21:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега