Бугарка ја продала својата ќерка на друга жена за 100 евра, а таа ја однела во Германија - таму започнал нов пекол за неа

54-годишна жена од Бугарија која за 100 евра ја продала својата ќерка на друга жена, ќе одговара пред судот во Германија, откако била обвинета дека во 2006 година, тогашната 15-годишна девојка ја довела во Дортмунд и ја присилувала да се проституира.

„Само плачев“, изјавила жртвата, која денес има 29 години, на почетокот на судењето пред Покраинскиот суд во Дортмунд.

Во обвинението е напишено дека е обвинета, исто така уште една Бугарка, која ја упатила жртвата во сексуалната пракса, за потоа да ја приморува да се проституира во јавна куќа во Дортмунд, ветувајќи ѝ награди.

Веднаш првата вечер тинејџерката имала осум клиенти, а според нејзините кажувања, не знаела што ја чека во Германија.

„Не знаев што ќе работам во Германија3, изјавила таа на суд.

„Отидов таму затоа што мајка ми ми кажа“, додала таа.

Се што заработувала мора да го предаде на својата мачителка, а кога во една прилика сокрила 80 евра во градник, добила ќотек. Не се осмелувала да избега, затоа што била премногу исплашена.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.11.2019 - 11:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега