Бугарија: Лековите за ковид-19 ќе бидат бесплатни за пациентите кои се лекуваат дома

Лекарствата неопходни за лекување на Ковид-19 во домашни услови ќе бидат бесплатни, најави денеска бугарскиот министер за здравство Стојчо Кацаров, според БГНЕС.


Лековите кои најчесто се користат за лекување на заразата со коронавирусот ќе бидат поделени во три групи: антибиотици, кортикостероиди и лекови кои спречуваат згрутчување на крвта. Пациентите, исто така, ќе можат да добијат и пулсен оксиметар за да можат да ја следат својата кислородна сатурација од дома и ако таа падне под одредено ниво, ќе можат да побараат да бидат хоспитализирани, најави министерот.

На овој начин, кога ќе се формираат ковид-зони во повеќето болници, пациентите нема да ги оптоваруваат општите лекари, а пациентите кои навистина имаат потреба, ќе одат директно во болниците, сметаат бугарските власти. Лекарите и медицинските сестри во ковид-зоните ќе ги надгледуваат пациентите кои се на домашно лекување – пациентите ќе бидат прегледани и тестирани, за потоа да ги земат лековите од аптеките и да се лекуваат дома.

„Ако има компликации, вратете се во зоната или јавете се на телефон доколку е потребно. Тестовите на пациентите ќе бидат покриени од фондот за здравствено осигурување,“ порача Кацаров.

Ова им овозможува на матичните лекари да посветат поголемо внимание на луѓето со хронични заболувања, бидејќи тие се ризичната група во која имаше најмногу смртни случаи минатата година, додаде бугарскиот министер.

10.09.2021 - 21:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега