Бугарија ќе се рекламира и во Македонија

Министерството за туризам дава 6,6 милиони лева (над 3 милиони евра) за рекламирање на Бугарија во следните три месеци, објави TravelNews. Средствата се од државниот буџет, а доколку не се искористат до крајот на годината мора да му се вратат. Кампањата ќе биде за зимската сезона 2022/2023.

Планирано е ТВ рекламирање на 12 маркети за културен, бањски и зимски туризам. За прв пат ќе има клипови во Обединетите Арапски Емирати. Од листата на пазари се чини дека Велика Британија е на последно место во приоритет.

„Ова е еден од најважните пазари за нашите зимски центри, од каде што големите тур-оператори организираат чартери и очекуваат сериозен пораст на туристите за претстојната сезона. Но, тимот на министерството повеќе се обложува на Романија, Полска, Србија, Германија, Израел, Чешка, Австрија, Северна Македонија, Грција и Турција“, пишува порталот.

Од Министерството за туризам засега не појаснуваат кои телевизиски канали на соодветните пазари ќе емитуваат реклами за Бугарија.

28.09.2022 - 14:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега