Од вчера, 1 февруари, еврото стана единствено средство за плаќање во Бугарија. Со ова заврши едномесечниот преоден период во кој граѓаните и бизнисите можеа да ги користат и бугарскиот лев и еврото при секојдневните трансакции.

Како што потврдија од бугарското Министерство за финансии, левовите веќе нема да се прифаќаат за купување стоки и услуги. Трговците отсега имаат обврска кусурот да го враќаат исклучиво во евра, без оглед на тоа во која валута се вршело плаќањето претходно. Со цел да се спречат шпекулации и да се задржи транспарентноста, цените во продавниците ќе останат двојно прикажани (во левови и евра) сè до 8 август.

За граѓаните кои сè уште поседуваат левови, финансиските институции ќе вршат бесплатна замена во евра до 30 јуни. По овој датум, Бугарската народна банка ќе продолжи да ја врши оваа услуга на неодредено време и без дополнителни трошоци.

Exit mobile version