Бугарија и Македонија ќе соработуваат и во областа на земјоделието

 

Советот на министри го одобри нацрт Меморандумот за разбирање меѓу Министерството за земјоделие, храна и шумарство на Република Бугарија и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република   Македонија за соработка во земјоделството, земјоделските науки, руралните области и шумарството, соопшти прес -центарот на привремената влада.

Документот е основа за продлабочување на соработката меѓу двете министерства преку размена на научни и технички информации, трансфер на експертиза, споделување на добри пракси и развој и имплементација на заеднички истражувачки програми.

Двете земји, исто така, ќе соработуваат во областа на органското производство и преработка на органски земјоделски производи, биотехнологиите во растително и добиточно производство, селекцијата и размножувањето во сточарство, како и прекугранична соработка во областа на руралните области

28.07.2021 - 17:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа