Бугарија го забрани влезот на сите граѓани од трети земји

Бугарскиот министер за здравство Кирил Ананиев попладнево издаде наредба со која се воведува привремена забрана за влез на територијата на Бугарија на сите граѓани од трети земји. Со наредбата се воведува и процедура за ставање под карантин. се воведуваат и специјални правила за лицата кои вршат дејност на испорака на стоки и услуги, јавија бугарските медиуми.

Со наредбата на граѓаните од трети земји привремено им се забранува да влегуваат на територијата на Бугарија.

Се забранува и влегувањето на граѓани, независно од нивното државјанство, а кои доаѓаат од Италија, Шпанија, Франција, Велика Британија, Северна Ирска, Германија, Холандија, Швајцарија, Австрија, Белгија, Исланд, Лихтенштајн и Луксембург на сите гранични премини и со сите видови транспорт.

Исклучок се прави за бугарските државјани и членовите на нивните семејства.

Сите лица кои ќе влезат во Бугарија се ставаат под 14-дневен задолжителен карантин.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.04.2020 - 20:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега