Бучковски: Заев ќе ја плати цената на претседателските избори

Владо Бучковски во денешното Отворено Студио 1 говореше за власта.

- „Мислам дека секој кој во изминатите 27 години бил дел од овој процес има должност кон граѓаните. Ако добро се сеќавам наскоро ќе се заврши година од средбите на премиерите Заев и Ципрас кои направија чудо. Јас бев поддржувач уште во почетокот, затоа знам дека единствениот пат кој ги отвора вратите за ЕУ и НАТО е овој договор“, рече Бучковски, кој додаде дека исклучително го цени напорот на преговарачкиот тим, но дека има забелешки на тоа што се случуваше по постигнувањето на договорот, како и дека Заев ќе ја плати цената на предвремените парламентарни или редовните претседателски избори. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.01.2019 - 23:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега