Бучковски во Софија: Културно-уметничките односи меѓу двете држави се одвиваат во добра насока

 

Специјалниот пратеник на Владата на Република Македонија Владо Бучковски оствари работна средба во Софија со истакнати културни дејци од Република Бугарија, на која соговорниците изразиле согласност дека развојот на културно-уметничките односи меѓу двете држави се одвива во добра насока.

На средбата, која се одржа вчера во Културно-информативниот центар на Република  Македонија во Софија, во услови на почитување на сите мерки за справување со пандемијата од КОВИД-19, присуствувал и директорот на КИЦ Сашко Насев.

На средбата, како што информираат од КИЦ, соговорниците постигнале согласност дека развојот на културно-уметничките односи меѓу двете држави се одвива во добра насока, но дека е потребно збогатување со конкретни проекти и интензивирање на средбите меѓу луѓето од областа на уметноста и културата, а било истакнато и дека преку областа на културата и контактите ќе може да се очекува најмногу позитивизам во меѓуодносите на двете држави

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.01.2021 - 09:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега