Бучковски: СЈО се служи со удбашко сталинистички манипулации

Нон пејпер за исплата на 7,5 милиони евра не постои. Тоа е удбашко-сталинистичка манипулација, која за жал, обвинителката на СЈО ја користи за ’подобар статус‘ на СЈО во преговорите на неговата иднина.

Ова го изјави денеска Владо Бучковски по денешното судење за „Маџар Телеком“, јави САКАМДАКАЖАМ.МК.

- „Јас едвај го чекам сведочењето на Слободан Богоевски кое ќе го даде пред наш суд, за да поднесам кривична пријава за давање на лажен исказ. Документот кој денеска го покажала обвинителката Лиле Стефанова ми беше предочен и мене, кога сведочев пред Комисијата за хартии од вредност во Вашингтон во февруари 2014 година. На секого што го видел тој документ со никакви потписи, му е јасно дека станува збор за фалсификат создаден во удбашко-сталинистичката кујна на Богоевски“, најави експремиерот Владо Бучковски.

Инаку, судењето против поранешните генерален и финансиски директори на Македонски Телеком Атила Сендреи и Ролф Плат, како и други две лица за злоупотреба на службената положба и склучување фиктивни договори за консултантски услуги со кипарски фирми, познат како “Маџар Телеком” продолжува на 27 март, откако на денешното рочиште беше сослушан сведокот Џемали Мехази.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.03.2019 - 14:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега