Бучковски: Не сум чудотворец, но ќе барам од бугарските колеги да покажат разбирање за тоа што го направивме како држава

Владата денеска го именуваше поранешниот премиер и министер за одбрана Владо Бучковски да биде специјален претставник на македонската Влада за Бугарија.

Тој за САКАМДАКАЖАМ.МК изјави дека ќе работи да се врати изгубената доверба меѓу Република Македонија и Република Бугарија.

„Не сум чудотворец и нечиј скриен ас во ракавот, јас ќе се обидам со својот кредибилитет, што исто како Денко Малески и Љубчо Георгиевски го имам во Софија, да ја вратиме довербата меѓу двете држави. Ако не успееме до деветти декември да се договориме, ќе се бориме по деветти да најдеме решение за проблемите, зашто очигледно Бугарија е таа што треба да ја отвори портата кон Европа. Но сакам да истакнам, ние имаме изградено став кон билатералните прашања со соседот и доследно ќе го почитуваме. Договорот за пријателство и добрососедство е единствената шанса да не се вратиме назад во историјата. Република Бугарија треба да покаже поголемо разбирање за тоа што сме го направиле изминатите две години. Тоа што го направи Македонија за 2 години е еднакво на тоа што е направено за 60 години. Јас ќе барам Софија да ни даде шанса“, вели професорот Бучковски, кој од утре почнува со интензивни активности на новата функција, улога.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.12.2020 - 20:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега