Бучковски: Јас не избегав како Груевски

Поранешниот премиер Владо Бучковски не се согласува со одлуката на обвинителот да побара прекин на постапката поради апсолутна застареност на делото на денешното судење за предметот „Тенковски делови“ и побарал од судот да донесе ослободителна пресуда. Тој за САКАМДАКАЖАМ.МК вели дека не сакаат да го ставаат во ист кош со експремиерот Никола Груевски, кому во средата му застаре делото за „Траекторија“, зошто како што вели не избегал.

- „Неговиот случај за ’Траекторија‘ застари затоа што се даде во бегство, јас 13 години се борам за правда, а денес обвинителот го преквалификува делото и побара прекин на постапката пoвикувајќи се на апсолутна застареност! Јас не се согласив и побарав судот да донесе ослободителна пресуда!“, вели Бучковски.

Инаку, обвинителството за организиран криминал во јули 2007 година поднесе обвинение против Бучковски и Стамболиски за злоупотреба на функциите, за резервни делови за армиските тенкови со кои причиниле штета од околу 150 милиони денари или 2,5 милиони евра.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.11.2019 - 21:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега