Бубевски: Позитивен сум на Ковид-19, засега немам симптоми
Обвинителот Гаврил Бубевски е позитивен на коронавирус. Бубевски за ТВ24 изјави дека иако ги почитувал сите заштитни мерки, сепак тестот за Ковид 19 покажал дека е заразен со вирусот.
„Ги почитував сите заштитни мерки, сепак, јас имам многу контакти и во суд и во Обвинителството и со истражители, поради случаите на кои работам, токму затоа се тестирав и тестот излезе позитивен. Не знам каде сум се заразил, засега немам никакви симптоми. Обвинителката Фатиме Фетаи и двајца истражители како лица со кои сум контатирал се во самоизолација“ - изјави за ТВ24, Бубевски.
06.07.2020 - 14:40
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа