„Брзи и бесни“ во Македонија: Полицијата казни 174 возачи

Министерството за внатрешни работи вчера имаше засилена акција на територија на Република Македонија за санкционирање на возачите кои се движат со поголема брзина од дозволената, при што казнети се 174 возачи.

 

 Од нив седум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 77 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 97 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заедничким да придонесеме за побезбедни патишта“, велат од МВР.

14.05.2022 - 12:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега