Бруталноста потсетува на мексиканскиот картел- Криминалната група на Веља невоља ги касапеле жртвите и ги потопувале со киселина

Веjко Беливук, викан Веља невоља, Марко Миjковиќ Маре и уште 20 члена на нивната криминална група беа уапсени на 4 февруари за повеќе изнуди, киднапирања, брутални убиства и други злосторства, а нивната бруталност и суровост ги потсети експертите  на мексиканскиот картел .

Според соговорниците на Курир.рс, постојат многу сличности помеѓу кланот Беливук и нивните колеги од Јужна Америка. Примамување жртви, киднапирање, тортура, сечење глави, јазици, раце и нозе, а потоа уништување на телото со потопување во киселина, се типични за криминалците од Мексико.

- Во нашата област, овој вид на убиство е непознат. Криминалците од Балканот и воопшто од Европа, одлучуваат да почекаат, ликвидираат и да постават бомба под автомобил, а не да ги касапат жртвите. Ова е една новина во нашето подземје. Сечење глави и истурање киселина врз трупови е дело на чудовишта и психопати - изјави за Курир Добривоје Радовановиќ, криминолог и клинички психолог.

Говорејќи за оваа криминална група, Радовановиќ вели дека нејзините членови се или психички болни или имаат психопатска структура на личноста и уживаат во овие ужаси.

 

- Исто така, на тој начин, тие сакаа да ги сокријат трагите на злосторството, бидејќи ако не се најде телото, се смета дека злосторството дури и не се случило. Но, не секој може да го стори тоа, луѓето кои се задоволни од сето тоа, тие имаат тешка структура на личноста - објаснува Радовановиќ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.02.2021 - 14:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега