Брутално претепан Србин во Хрватска им подлегна на повредите - почина по повеќенеделна кома

Радоје Петковиќ, истакнат член на српската заедница кој на 24. април беше претепан брутално пред кафуле во Вишково, починал од последици од повредите кои ги добил во нападот, објавено е на Фејсбук страницата Поголемо српско национално малцинство во Приморско-горанската жупанија.

Полицијата во Ријека како напаѓач го идентификувала 48-годишниот Илија Главиќ кој Општинското државно обвинителство во Ријека го сомничи за кривично дело нанесување тешки телесни повреди. Судијата на истрагата му одредила истражен затвор поради опасност од повторување на кривичното дело и влијание врз сведоци.

Да потсетиме, Петковиќ после кратка расправија со Главиќ во локал тргнал кон својот автомобил. Главиќ го стигнал на паркингот и брутално го натепал.

На снимките од надзорните камери се гледа дека Главиќ не се откажува од удирање ни во моментот кога Петковиќ губи свест и паѓа на земја.

Припадниците на српската заедница се згрозени од нападот на сонародникот кој бил исклучително активен.

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.06.2019 - 08:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега