Бројот на жртви од уривањето на зградата во Бангладеш стигна до 761

Според најновите податоци кои што доаѓаат од Дака, главниот град на Бангладеш, бројот на жртви од рушењето на зградата Рана Плаза се искачил на 761 лице. Спасувачките тимови успеаа да извадат околу 50 тела на загинатите. Поради високите температури, телата се распаѓаат и се шири непријатна миризба. Официјалната бројка на загинатите засега не е позната. Во зградата имало пет текстилни фабрики во кои работеле околу 3000 лица. Досега биле спасени 2500. 

Започнати се исплаќања за оштети на преживеаните работници.

Во врска со уривањето на објектот полицајата во петокот го уапси инженерот Абдур Разак Кан, консултат во градежната компанија „Рана Плаза“, која бесправно доградила уште три ката на зградата.

Неколку дена пред инцидентот градежната инспекција констатирала дека зградата не е безбедна и издала налог за нејзино иселување, но ваквите предупредувања биле занемарени од сопствениците на фабриките.

најчитано сега