Бројот на загинати во урнатата зграда во Бангладеш достигна 387 лица

 

Бројот на загинати при уривањето на осумкатницата во Бангладеш на 24 април достигна најмалку 387 лица.

Околу 600 лица се уште се водат за исчезнати, а 2.400 се повредени.

Во урнатата осумкатница во Савар, на 25 километри северозападно од главниот град Дака биле сместени пет шијачки работилници, продавници и банка.

Мохамед Сохел Рана, лидер на младинската организација на владејачката партија Лига Авами завчера е приведен од страна на елитниот полициски батаљон за брза интервенција во пограничниот град Бенаполе. Претходно беа уапсени двајца менаџери на фабриката каде се шиела евтина облека, двајца инженери и сопругата на сопственикот на осумкатницата.