Бројот на пациенти со сезонски грип скокнал за 80-90 отсто, ќе се испитува дали некои имале Ковид-19

Министерот за здравство, Венко Филипче во вечерашното гостување во емисијата „Топ тема“рече дека годинава бројот на лица кои имале сезонски грип се зголемил за 80-90 проценти, а може да се провери дали некој од нив всушност имал коронавирус.

-Ги анализиравме бројките на сезонски грип, во просек се 20.000, оваа година се 37.000, скоро 80 или 90 проценти повеќе заболени. Материјалите се анализирале во присуство на други вируси предизвикувачи на сезонскиот грип и тие може дополнително да се тестираат да се види дали некој од тие пациенти бил заболен од коронавирусот, рече Филипче.

Тој зборуваше и за состојбите со пациентите кои се хоспитализирани, пред сè, оние кои се на респиратори. Во таа насока посочи дека новите студии од странство покажуваат дека дури и до 90 проценти од оние кои се ставени на апарати за дишење завршуваат со смртни последици.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.04.2020 - 20:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега