Бројот на ковид позитивни лица надмина 40 милиони

Бројот на заразени со новиот коронавирус во светот надмина 40 милиони и поточно изнесува 40.014.845 милиони лица, покажуваат податоците на интернет страницата „Ворлдометар“.

 

Бројот на починати од почетокот на пандемијата е 1.115.308 милиони пациенти, а закрепнале речиси 30 милиони луѓе или 29.927.866 милиони лица.

Во моментот во светот има 8.971.671 активен случај од кои 8.899.700 имаат лесни симптоми, а состајбата на 71.971 е критична состојба.

Најголем број на пациенти сè уште има во САД – 8.343.140 милиони, во Индија – 7.494.551 милиони, во Бразил милиони 5.224.362 и во Русија – 1.399.334.

Од европските земји, најпогодена е Шпанија – 982.723, во Франција има 867.197 и во Велика Британија досега има 705.428 заразени лица.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.10.2020 - 13:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа