Бројките предупредувачки: Дали почнува трет бран на коронавирусот на југоистокот во земјава

Заклучно со вчерашниот ден, според извештајот на Институтот за јавно здравје, во општина Гевгелија починале уште двајца пациенти од корона вирусот со што бројот на починати од почетокот на годината изнесува девет.

Од Подрачната единица на Центарот за јавно здравје во Гевгелија велат дека бројките се предупредувачки и можеби претставуваат најдобар индикатор за почеток на трет корона бран на југоистокот од земјава.

Со вчера евидентираните шест новоинфицирани од корона вирусот, од кои пет во Гевгелија и еден во Богданци, статистиката вели дека општина Гевгелија моментално има 185 пациенти активни на Ковид-19 од вкупно досега заразени 1220 пациенти. Од нив, оздравеле 1007 пациенти, а 28 за жал починале, потврдија од гевгелиската Општа болница.

Според директорот на гевгелиската болница Митко Крџев, бројот на лица кои имаат потреба од хоспитализација сеуште се движи во нормала, поточно во граници на можностите на ковид болницата. За него, причина за растечкиот број на новозаболени во февруари е непочитувањето на мерките за заштита, но и многуте контакти и забави на младите.

– Со последните хоспитализирани пет ковид пациенти, капацитетите на ковид болницата во Гевгелија се пополнети само 26 отсто и веројатно таа бројка е најоптимистична од статистиката затоа што за нас претставува показател дека сепак поголемиот број на ковид позитивни пациенти имаат полесни симптоми и се лекуваат во домашни услови, вели Крџев. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.03.2021 - 11:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега