Брнс: Усвојувањето на закон за јавното обвинителство е поважно од партиските интереси

Подготвеноста за владеењето на правото и борбата против корупвцијата преку усвојувањето на предложениот закон за јавното обвинителство е поважно од партиските интереси, порача американската амбасадорка, Кејт Брнс, пренесува Телма.

Брнс порача дека Законот за обвинителство ќе биде клучен за Македонија да покаже посветеност за членство во ЕУ, додека чека почеток на преговорите.

 

Таа повика  да се продолжи со реформите, за да се направат институциите понезависни и да се фокусираат на обезбедување фер избори во април и одржување на добрососедски односи.

 

-Поспецифично, кога зборуваме за покажување спремност од Сверна Македонија за интегрирање во ЕУ, мислиме на усвојувањето на предлог законот за Јавно обвинителство, со што ќе се докаже во овој критичен момент, посветеноста на Северна Македонија за владеењето на правото и борбата против корупцијата. Ова треба да е над партиската политика. Прашањето на Специјалното јавно обвинителство треба да продолжи. Граѓаните очекуваат и заслужуваат да видат, дека оние што ја злоупотребиле јавната доверба, ќе одговорат и дека правдата е еднаква за сите, рече Брнс.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.01.2020 - 17:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега